7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонец падна во рацете на грчката полиција

Грчката полиција во регионот на Дојран, уапси 55-годишен македонски државјанин.

Тој е уапсенбидејќи во приколката од неговиот камион биле пронајдени 11 нелегални мигранти, кои требало нелегално да ги изнесе од Грција.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, од истрагата на полицијата произлегло дека мигрантите во Грција влегле преку нелегален премин на грчко – турската граница.

Каминот бил запленет, а уапсениот македонски државјанин ќе биде изнесен пред јавен обвинител во Кукуш, јави дописникот на МИА од Атина.

Спонзорирано: