19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Момче починало откако било брутално претепано, уапсени мајката и очувот

Момче на возраст од 18 месеци, кое било брутално претепано, починало утрово во Клиничкиот центар Црна Гора во Подгорица, соопшти портпаролот на оваа здравствена установа.

Момчето во болница било примено вчера со тешки повреди, а полицијата ги уапсила неговата мајка и очувот поради сомнеж дека се одговорни за нанесување тешки повреди на детето.

Подгоричките медиуми јавија дека мајката на лекарите и на полицајците им рекла дека детето паднало пред еден месец и дека тогаш настанале повредите по главата и телото.

Полицијата утврдила дека повредите не настанале при пад, туку дека станува збор за претепување.

Спонзорирано: