23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев за новообјавените “бомби”: Цела деценија се боревме против режим за кој и ден денеска слушаме како функционирал – Во ДПМНЕ не е ништо променето, Мицкоски е потрчко на Никола Груевски

– Сите знаеме кој снимаше, цели 11 години режимот ги прислушуваше своите граѓани, но очекувам да се утврди од каде се и кој ги објавува. СДСМ се што имаше го предаде а доказите ги објавуваше јавно, на говорница, ги доставуваше до институциите, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за “Centar” за ново објавените нови снимки на кои ги слушавме Миле Јанакиески и Игор Јанушев.

– Ги слушнав тие разговори меѓу Миле Јанакиески и очеигледно неговата тогашна десна рака, Игор Јанушев, сега носител на листа од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа само потврди со што имавме работа цели 11 години, цела деценија се боревме против режим за кој и ден денеска слушаме како функционирал. Се правеа списоци на подобни и неподобни, се вршеа притисоци врз вработени во јавна администрација, изборните нерегуларности биле редовна појава на сите избори. А слушнавме и дека ако некој не бил исполнителен во своите партиски задачи, можел и ќотек да добие од Јанушев, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев и додава дека за жал ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е само еден извршител, потрчко на Никола Груевски.

– Нивната понуда е всушност понуда за обнова на режимот и затоа граѓаните ќе ја отрфлат. Наместо враќање назад, граѓаните ќе одберат да продолжиме напред, по вистинскиот пат, да продолжи растот на платите, на пензиите, на економијата, вели Заев за Centar.mk.

Целото интервју со лидерот на СДСМ Зоран Заев може да го прочитате тука.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T