21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев за “бомбите” за “Империја”: За пусти пари некој сакал да си поигрува со правото, да штити криминалци да не одат во затвор!

Јасно му е секому дека тоа што го слушаме деновиве од тие објавени разговори се сериозна индиција за криминално постапување, дека има основано сомневање за криминално финансирање на политички партии и незаконско финансирање на кампањи. За пусти пари некој сакал да си поигрува со правото, да штити криминалци да не одат во затвор, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју на Centar.mk, за новообјавените бомби каде што се слуша како Мицкоски се обидува да го спречи донесувањето на законот за јавно обвинителство со цел да се сруши случајот Империја.

Од овие разговори, слушаме како функционирале спрегите Камчев-Груевски-Мицкоски и гледаме како тие давале, а за возрврат на тоа некој се нудел да го блокира Законот за Јавно обвинителство, да сруши предмет како што е Империја. Значи смислено сценарио. Ова се сериозни удари врз правосудството, тоа не е дозволиво никаде во светот и не e дозволиво ниту кај нас, вели лидерот на СДСМ.

Заев верува дека институциите ќе реагираат по службена должност и по допрен глас и дека ќе се отворат сериозни истраги за ова.

 

-Никој не е над законот и секој што се огрешил мора да одговара, дециден е Заев на прашање во интервјуто за Centar.mk, кое што може да го прочитате тука.

Спонзорирано: