19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Коѕијас ќе се спогодува кога ќе се промени македонскиот Устав

Во рамките на својата турнеја специјалниот посредник на Обединетите нации за спорот за името, Метју Нимиц, денеска ќе ја посети Атина за да се состане со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас и со, како што многумина го нарекуваат, министерот за надворешни работи од сенка од партијата Нова демократија, Јоргос Кумуцакос.

Во пресрет на средбата министерот Коѕијас за грчката државна телевизија ЕРТ изјавил дека во февруари владата ќе изработи нацрт-спогодба за ФИРОМ со услов властите во Скопје да променат некои членови од Уставот. Коѕијас појаснил дека за грчката страна е важно сложеното име со терминот Македонија да биде на јазикот на земјата и да не се преведува на англиски.

Грчкиот министер за надворешни работи додадал дека нацрт-спогодбата ќе содржи седум параграфи во кои ќе се наведе целиот спектар на користење на името со посебно поглавје во однос на прашањата за иредентизам и Уставот. Таа ќе регулира и прашања во врска со меѓународната и регионалната позиција на нашата земја и нејзината интеграција во меѓународните организации, како и позитивна агенда за развој на билатералните односи, рекол Коѕиjас за ЕРТ.

Спонзорирано: