Најмалку 14 луѓе загинаа, а 35 се повредени во судир на автобус и камион во северна Индија, соопшти полицијата.
Шефот на полицијата, Раџеш Синг, изјави дека 10 лица починале на лице место, а четири во болница. Тој додал дека во судирот уништен е предниот дел на автобусот.
Вакви несреќи се чести во Индија, каде секоја година на патиштата животот го губат околу 15.000 луѓе, во главно поради невнимание, лоши патишта и пренатрупани возила.
Спонзорирано: