19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Место со 10.000 луѓе надвор од Кина ставено во карантин

Место со 10.000 жители во близина на Ханој, прво во Виетнам, е ставено во карантин поради страв од ширење на коронавирусот, објави тамошното министерство за здравство.

Карантинот во местото Сон Лои е одреден за период од дваесет дена, објаснуваат од министерството, откако на тоа место, околу триесетина километри северозападно од Ханој, биле потврдени пет случаи на зараза.

Според првичните информации, една жена ги заразила членовите на своето семејство и соседите.

Во Виетнам досега е потврдено дека петнаесет лица имаат инфекција од коронавирус./Makfax

Спонзорирано: