13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото mfa.gov.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи и Димитров во засилена дипломатска активност во Париз

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ја почнаа работната посета на Француската Република каде остварија средба со Клеман Бон, дипломатски советник за Европа на претседателот Емануел Макрон.

„Радува фактот што првичните впечатоци се дека новата методологија отвора можност за суштинско унапредување на процесот на преговори во секоја смисла; како од аспект на силната политичка контрола и водење на процесот, така и во смисла на неговата кредибилност, предвидливост и цврсто почитување на принципот на заслуги“- истакна Османи, изразувајќи надеж дека со овој нов моментум ќе се создадат и предуслови во пресрет на претстојните дискусии во Советот на ЕУ, за остварување консензус меѓу земјите членки, за одлуката за почеток на преговорите со Република Северна Македонија, пред Загрепскиот самит во Мај, посветен на Западниот Балкан.

„Сакаме да бидеме пример за регионот во примената на новиот пристап. Одлуката за преговори означува почеток на еден динамичен и напорен процес. Северна Македонија нема да се штеди и е решена да го изоди тој пат”, истакна Димитров.

Во рамки на посетата на Париз, Османи и Димитров ќе остварат средба и со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи задолжена за европски прашања, а ќе се сретнат и со претседателката на Комисијата за надворешна политика во Националното собрание, Мариел де Сарнез, и со генералниот секретар за европски прашања при Владата на Франција, Сандрин Годен.

Денешната посета на Француската Република на ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров се одвива во период на засилена дипломатска и државна активност, во врска со остварувањето на стратешката цел за добивање одлука за почеток на пристапните преговори.

Спонзорирано: