23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Variety: Продуцентот на Џејмс Бонд ја исклучи можноста за жена агент 007

Следниот Џејмс Бонд нема да биде жена, рече продуцентот на филмовите за британскиот таен агент во интервју, а шпекулациите во таблоидите за тоа кој би можел да го замени Даниел Крејг како легендарниот 007 не стивнуваат.

Даниел (51) потврди дека улогата во филмот No Time to Die („Не е време да се умре“) е последна која ќе ја оствари во филмовите за Бонд. Тој воедно и порача дека е среќен што го потпишал последниот договор за оваа франшиза.

Има многу гласини за тоа кој би можел да го замени и дали следниот Бонд ќе биде женски, но продуцентот Барбара Броколи изјави за „Варајети“, дека 007 дефинитивно ќе биде маж.

„Може да биде од која било боја, но тој е маж “, рече Броколи, која заедно со Мајкл Вилсон ги продуцираат филмовте за агентот 007.

Бонд франшизата е една од најпрофитабилните во светот на филмот – „Спектре“ во 2015-та година заработи 880 милиони долари на кино благајните ширум светот, додека Скајфол во 2012 година заработи повеќе од една милијарда американски долари на глобално ниво.

Броколи рече дека верува во создавање силни женски ликови, но додаде: „Јас не сум заинтересирана да ангажираме жена да игра машки лик. Мислам дека жените се далеку поинтересни како женски ликови.“

No Time to Die, чие прикажување е закажано за април, е 25-от филм од серијалот за британскиот суперагент и последен со Даниел Крејг во главната улога./Makfax