20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мистерија: Полицијата во шумата пронајде двајца мртви

Во шумски предел во регионот на Дрежница во Хрватска утрово била пронајдена група од 12 мигранти, меѓу кои имало и двајца мртви.

Полицијата соопшти дека денес во 8. 10 часот, по дојави на граѓани, во шумскиот предел на Драженица, затекнале мигранти.

,,Според првичните информации затекнати се 12 лица од кои две биле пронајдени мртви”, се наведува во соопштението, без да се изнесуваат повеќе детали.

Сѐ уште не се познати околностите за смртта на мигрантите, а според хрватските медиуми, се работи за несреќен случај. Порталот „Индекс“ наведува дека локацијата каде што биле пронајдени мигрантите е тешко пристаплив терен.