20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Кога ќе видите за што сè помага, веднаш ќе почнете да го користите

Медот е една од најзначајните и најдобри намирници за нашето здравје. Тој е одличен извор на едноставни јаглехидрати, глукоза и фруктоза кои се користат за создавање енергија. Во него има минерали, амино и органски киселини, пигменти, инулин, елементи на комплекс витамини Б.

Еве како може да ви помогне…

Зајакнување на имунитетот

Медот има антиоксидациони и антибактериски својства, па помага при подобрување на работата на системот за варење, го одржува телото здраво и помага во борба против болести. Започнете го денот со топла напивка од половина лимон и лажичка мед.

Болки во грлото

Познато е дека медот е идеален сојузник во лечење на воспалено грло. Поради неговите антибактериски дејства, медот помага и во уништување на некои бактерии кои предизвикуваат инфекција на грлото. Три пати дневно земајте по лажичка мед и растопете го во уста како би го намалиле воспалението во грлото.

Мигрена

Лицата кои често патат од мигрена би требало да испијат напивка од лажичка мед растопен во половина чаша топла вода.

Несоница

Ако често ви се случува ноќе да не можете да спиете, обидете се да го решите проблемот со оваа напивка: во шолја топло млеко растопете лажичка мед. Ако не сте љубител на млеко, чај од камилица со мед, исто така, е добар за опуштање.

Мамурлак

Ако утрото после бурна ноќ и многу алкохол ве мачи мамурлак, спас можете да најдете во медот. Тој е лесен за желудникот и лесно се вари. Содржи мешавина од природни шеќери, како што е фруктоза, кои ја забрзуваат оксидацијата на алкохол во црниот дроб и го забрзуваат процесот на „трезнење“. Обидете се со овој рецепт: 15 мл мед измешајте со 80 мл сок од портокал и 70 мл јогурт.