14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Вулканот на Хаваите исфрли чад во висина од три и пол километри, луѓето стравуваат од отровни гасови

Огромниот облак од пепел што го исфрли вулканот Килауеа на Хаваите достигнал висина од 3 и пол километри пред целосно да обвие делови од Големиот Остров.
https://www.youtube.com/watch?v=o26S9z8vr7k

Официјални лица предупредија жителите да останат во затворени простории, а авионите да го заобиколуваат критичното подрачје. Исто така, постои и закана од нова ерупција на вулканот во оваа сојузна американска држава. Пепел паднала на локации оддалечени дури 30 километри од вулканот, кој еруптира на 3 мај и оттогаш не се смири. Во меѓувреме лавата проголта десетици куќи и автомобили.

Геологот и главен научник во вулканската опсерваторијата на Алјаска, Мишел Кумбс, за Си-ен-ен ги објасни актуелните случувања на Хаваите: „Во последните неколку дена бевме сведоци на подемот и падот на вулканската активност. Се чини дека системот на врвот е малку отворен, како што тоа ние го нарекуваме, па тоа го намлува притисокот. Значи, денес имаше интензивна активност, но не и голема ерупција“, изјавила таа.

Ова, сепак, не значи дека голема ерупција нема да се случи. Вулканот може да се затвори како што нивото на магмата во кратерот се спушта, па долу може да се акумулира силен притисок, додава Кумбс.

Покрај пепелта, која не е токсична, жителите на Големиот Остров на Хаваите треба да внимаваат и на гасот сулфур диоксид, кој може да предизвика задушување и смрт. Овој гас се шири од дури 21 пукнатина во земјата предизвикани од активниот вулкан. Официјални лица изјавија дека нивото на токсичен гас е опасно во некои места.

„Направив навистина сериозно вдишување на сулфурен диоксид покрај една од вулканските пукнатини. Сензорот што го имав во рака свиркаше и детектира 66 ppm честички. Не можев да дишам, а очите и белите дробови веднаш почнаа да ме печат. Тоа беа најлошите десет секунди во мојот живот“, напиша Скот Меклин, дописникот на Си-ен-ен, на „Твитер“.