5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Конкурс за најромантично љубовно писмо

WOW Box објавува награден аматерски конкурс за најромантично љубовно писмо. Повикот e испратен до неколку скопски средни училишта и факултети.

„Во пресрет на празникот на љубовта, кој сè повеќе се прифаќа и одбележува и во Македонија, одлучивме да поттикнеме еден романтичен израз на љубов кој веќе речиси и да не се користи во комуникацијата – љубовното писмо. Нашата идеја е да поттикнеме носталгично размислување за чувството на добивање рачно напишано писмо од саканата личност. Порано ова беше важен начин на изразување љубов. Сега е долго заборавен концепт, чуден дури и како испраќањето пошта по гулаби. Веќе не очекуваме во нашите поштенски сандачиња да наоѓаме ништо друго, освен сметки и фактури, промотивни летоци и известувања од институции. Одењето по сопствената пошта веќе не е радост како порано. Би се радувале доколку постигнеме и мал успех во покажување колку ваквата љубовна кореспонденција носи романтика и пеперутки и е несекојдневно доживување“, велат организаторите на конкурсот.