Ќе се плаќа паркинг во Карпош

0 Shares

Информациите што некои од медиумите ги пренесоа за воведувањето зонско паркирање во Карпош се невистинити, информираат од Општината. Додаваат дека Карпош нема потреба од воведување зонско паркирање на целата територија, иако постојат иницијативи за неколку локации, што ќе бидат разгледани, а за кои граѓаните ќе се изјаснат по пат на анекта.

„Факт е дека на неколку клучни локации во општината постојат т.н. тесни грла во паркирањето. Станува збор, пред сè, за потегот по должината на улицата Рузвелтова (која е неформална граница меѓу општина Центар и општина Карпош), како и за опфатот околу ТЦ „Сити мол“. Жителите на Карпош од зградите, но и од околните куќи на овие локации, имаат реален проблем со паркирањето поради фактот што граќани од општина Центар и други посетители ги паркираат своите возила на паркинзите наменети за станарите на Карпош, кои се бесплатни. Но, исто така факт е дека поради ваквиот реален проблем граѓаните на Карпош од споменатите делови сè повеќе го актуaлизираат прашањето за поставување некакви ограничувања на паркирањето од другите општини. За таа цел, дури во неколку наврати поднесоа иницијативи до gрадоначалникот и до Општината за воведување зонско паркирање токму на посочените делови. Општина Карпош како сервис на граѓаните има обврска да ги реши сите реални проблеми на жителите, вклучително и овој со паркирањето“, велат од Општината.

Додаваат дека остануваат на ставот дека во Карпош нема потреба од воведување зонско паркирање на целата територија, но она што можат да го направат како локална власт е да ги разгледаат иницијативите, да ја согледаат нивната оправданост и да изнајдат најсоодветно решение.

„Дали на тие потези ќе има зонско паркирање може да решат само мнозинството жители на овие делови од Карпош, кои се соочуваат со проблемот, кога претходно тие сознанија ќе бидат добиени со спроведување анкета и непосредно изјаснување. Но, никако со декрет или наметнато решение од Општина Карпош или како дел од програмите на Град Скопје“, велат од Општината.

Во тренд…


0 Shares