17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Инвеститор сам си ја отстранува дивоградбата во Центар

Општина Центар информира дека инвеститор на улицата Мајаковски самиот си ја отстранува дивоградбата кога тоа му било наложено од градежен испектор.

„Општина Центар нема да ги толерира дивоградбите и самоволното градење на својата територија.
На улицата Мајаковски инвеститорот незаконски и непочитувајќи го одобрението за градење при градбата на објектот за станбено домување изградил на мезанин арматурно-бетонска плоча со димензии 8,23 х 5,50 и втор потпокрив со димензии 17 метри на 9,75 метри. Од страна на овластениот градежен инспектор на инвеститорот со решение му е наредено во определен рок да ги отстрани недостатоците и да ја усогласи градбата. За да не дојде до присилно отстранување и уривање на дивоградбата, инвеститорот ја прекина изградбата и сам пристапи кон отстранување на дивоградбата“, соопшти Општина Центар.

Додаваат дека Општината и овластените градежни инспектори ќе интервенираат при секое отстапување од правосилните одобренија за градење.