Застанал и се шокирал: 56-годишен работник на пекара никогаш не видел нешто слично.
Во понеделникот наутро во контејнер во улица Гутлеут во Франкфурт забележал куфер, а во него околу осум милиони евра, сите во апоени од по 500 евра, уредно наредени во кесички!
Пронаоѓачот не ги земал парите, туку го извадил куферот од контејнер и го однел во полициска станица, каде сите биле изненадени.
Но, штом ги отвориле кесите со пари, стигнало и објаснување. Во конрејнерот се фрлени „осум милиони евра“, но не вистински пари, туку фиктивни – оние кои се користат за игри како Монопол или за демонстрации на разни предавања од областа финансии.
Лажните пари се одземени и ставени во просторија за доказен материјал.