Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СУДИР ВО СКОПЈЕ: Мотоциклист во тешка состојба, повреден и сопатник

На 17.04.2026 во 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Лазар Трповски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(40) од с.Матејче, липковско и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С.(20) од Скопје, извести МВР.

Во несреќата е оштетено и паркирано возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од К.А.(49) од с.Глуво, скопско.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот А.С., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, додека со телесни повреди се здобил негов сопатник, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК

Се апси на повеќе локации низ Македонија, и тоа во Скопје, Прилеп, Струга, Неготино, Табановце… – осум лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК

Груевски добил унгарско државјанство, објави „ВиСквер“

C +