Скенирањето фискални сметки од летните месеци наскоро треба да им донесе дополнителни средства на граѓаните. Истекува рокот за исплата на повратот на ДДВ за третото тримесечје од 2026 година.
Оние што го достигнале максималниот лимит можат да добијат по 2.100 денари, што значи дека четиричлено семејство со четворица полнолетни корисници кои ги исполнуваат условите може да добие вкупно 8.400 денари.
Со оглед на тоа што 29 ноември е недела, како краен рок за реализација на исплатата се очекува понеделник, 30 ноември.
Парите се префрлаат директно на трансакциските сметки на корисниците, без потреба од поднесување дополнително барање.
Во меѓувреме, продолжува скенирањето на фискалните сметки за последното тримесечје од годинава, кое ги опфаќа октомври, ноември и декември.


