Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДРАМА НА ПАТОТ КАЈ БРАТИН ДОЛ: Возило на „Комуналец“ излетало од коловоз

На 17.04.2026 во 10:00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Билбил Камен” на патот за с.Братин Дол, битолско, товарно возило „даф” со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(52) од Битола, сопственост на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Битола, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот – работникот Ј.Г.(57) од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК