Истражување на Лабораторијата за атмосферска физика при Аристотеловиот универзитет во Солун покажува дека честички чад од шумските пожари во Канада успеале да го преминат Атлантскиот Океан и да стигнат до северна Грција за пет дена.
Истражувачите на 22 јули регистрирале слој чад на височина од приближно шест километри.
Наодот покажува дека атмосферските струења можат да пренесуваат честички од шумските пожари на огромни растојанија, далеку од местото каде што настанало загадувањето.


