Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Времето се влошува: Обилен дожд, силен ветер и снег на повисоките места!

Денес и во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи.

Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат кон средината на следната седмица

Прогноза за 23.11.2025
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 8°C до 14°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 24.11.2025
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 7°C до 13°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 25.11.2025
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 9°C до 16°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има услови за локален дожд.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК