Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

На 12.04.2026 полициски службеници од РЦ за ГР Југ го лишија од слобода лице (43) од Гевгелија поради основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 11.04.2026 во 21:20 часот, на регионалниот пат Богданци – Гевгелија, поточно на местото „Шарен мост“, патничко возило „фолксваген“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од лицето излетало надвор од патот.

По несреќата, возачот побегнал од местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој е пронајден. На местото на несреќата биле пронајдени повредени шест лица мигранти од Египет, од кои едно со тешки телесни повреди, кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а останатите пет мигранти и возачот се здобиле со телесни повреди.

Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК