12.8 C
Скопје
16. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зеленски ги повика сојузниците да ја забрзаат испораката на оружје во Киев

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, уште еднаш ги повика сојузниците да ја забрзаат испораката на оружје за Киев, нагласувајќи дека ситуацијата на фронтот зависи од брзината на снабдување со муниција.

„Поддржете ја нашата армија навремено. Сè уште не гледам ништо позитивно. Залихи има, полека пристигнуваат, но процесот треба да се забрза“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Киев.

Тој, исто така, ја истакна потребата од залихи на софистицирани системи за лансирање на противвоздушна одбрана „Патриот“ што Киев сака да ги добие од своите сојузници за да се спротивстави на руските ракети со долг дострел и беспилотни летала./Извор:Makfax