22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми.

Иранските државни медиуми објавија рано денеска дека нивните сили ги уништиле беспилотните летала.

Ова се случува неколку дена откако Иран изврши одмазднички напад со дрон врз Израел.

Иранската новинска агенција „Фарс“ објави дека три експлозии се слушнале во близина на воена база во централниот град Исфахан.

Ирански функционер изјави за агенциите дека немало ракетен напад и дека експлозиите се резултат на активирање на иранските системи за противвоздушна одбрана.

Иранската државна телевизија објави дека нешто по полноќ „на небото над Исфахан биле забележани три дронови“.

„Системот за противвоздушна одбрана беше активиран и ги уништи овие дронови на небото“, пренесе медиумот.

Телевизијата подоцна соопшти дека ситуацијата во Исфахан е нормална и дека немало копнени експлозии.

Израелската армија не ги коментираше извештаите.

Си-Ен-Ен пишува дека Израел го извршил нападот внатре во Иран, а тоа го изјавил американски претставник за оваа мрежа.

Си-Ен-Ен тврди дека станува збор за потег кој се заканува со дополнително ескалирање на регионалниот конфликт.

Спонзорирано: