24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

По високите температури Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на Западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е формирана снежна покривка.

„Цело време ја читавме прогнозата и знаевме за студеното време, но навистина не очекувавме врнежи од снег“, велат мештаните.

На Златибор побелееја пасиштата и ливадите, снег од неколку сантиметри има и на некои делови од патиштата, пренесуваат српските медиуми.

Снежните априлски врнежи се уште не предизвикале проблеми во сообраќајот, а доколку се зголеми интензитетот на врнежите ќе биде ангажирана работна сила и механизација за расчистување на снегот од коловозите.

Спонзорирано: