16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Не би било соодветно да ја посетам Украина кога не сум на функција

По поканата упатена до Доналд Трамп од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека сега, кога тој не е на функцијата, не би било соодветно да ја посети Украина.

Во интервју за медиумската куќа Аксел Спрингер, Зеленски го покани Трамп во вторник да ја посети Украина, наведувајќи дека тоа ќе биде можност да се слушнат идеите на поранешниот американски претседател за можниот начин да се стави крај на војната со Русија.

Кампањата на Трамп денеска потврди дека немало формален контакт меѓу Зеленски и поранешниот американски претседател.

„Немаше никаков контакт со Зеленски, но претседателот Трамп јавно кажа дека не би било соодветно тој да ја посети Украина сега кога тој не е врховен командант на американската војска“, се вели во е-пошта од кампањата на Трамп.

Кандидатите за претседател на САД често патуваат во странство за да ја постават сцената за нивната надворешна политика.

Поранешните републикански кандидати кои во меѓувреме се откажаа од својата кандидатура, како поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс и поранешниот гувернер на Њу Џерси Крис Кристи ја посетија Украина за време на нивната активна кампања за републиканска претседателска номинација.

Спонзорирано: