22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозија одекна во стан во Париз: Три лица загинаа, избувна и пожар

Три лица загинаа во експлозија во стан во Париз, по што избувнал пожар, пренесува порталот „Паризен“.

Експлозијата се случила во неделата вечерта во стан на седми кат од осумкатница.

Причината за експлозијата засега не е позната, а соседите биле збунети од експлозијата бидејќи, како што велат, никој не се снабдува со гас во зградата.

И покрај тврдењата на соседите, властите сепак не ја исклучија можноста дека експлозијата била предизвикана од гас.