25.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лајчак: В четврток продолжуваат разговорите меѓу Белград и Приштина

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, потврди дека в четврток, 4 април, ќе продолжат разговорите во Брисел како дел од дијалогот за одлуката за укинување на динарот и изрази надеж дека преостанатите разлики ќе бидат надминати.

„Двете страни ќе се вратат во Брисел оваа недела и се надевам дека ќе успееме да ја премостиме преостанатата разлика в четврток“, рече Лајчак во пораката на „Фејсбук“.

Сумирајќи ја изминатата недела, Лајчак оцени дека претходната средба на главните преговарачи Петар Петковиќ и Бесник Бисљими на 25 март била конструктивна и дека е заклучено дека е потребна уште една средба.

„Сè на сè, тоа беше корисна средба. Двете страни имаа можност да ги образложат своите идеи и позиции. На крајот заклучивме дека ќе биде неопходна уште една средба“, рече Лајчак.