26.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зеленски ги повлекува вооружените сили ако САД не ѝ ја обезбедат потребната воена помош на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска предупреди дека тешко притиснатите украински сили можеби ќе треба да се повлечат за да ги обезбедат своите линии на фронтот и да ја зачуваат муницијата доколку САД не ѝ ја обезбедат потребната воена помош на Украина.

Во интервју за „Вашингтон пост“, Зеленски рече дека доцнењето на Конгресот со одобрувањето на пакетот воена помош од 60 милијарди долари скапо ја чинеше Украина.

Како што објасни тој, украинската армија не успеала да ги планира идните операции, а конгресмените се расправале речиси шест месеци.