12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Скијач удрил во дрво и починал на лице место: трагедија на Алпите

Скијач од Велика Британија загина откако удрил во дрво во францускиот ски-центар Аворијаз во Морзине.

Спасувачкиот тим на планината бил известен за несреќата околу 15 часот по локално време по извештаите дека скијачот ја напуштил патеката и со голема брзина удрил во дрво откако скршнал за да избегне група други скијачи.

Жртвата сè уште не е идентификувана, но се верува дека има 68 години.

Спасувачите ја нашле во несвест и покрај сите напори не успеале да ја спасат.

Скијачот бил прогласен за мртов на местото на настанот, пишува „Дејли Мејл“.

Аворијаз е едно од 13-те скијачки центри во регионот Portes du Soleil, врвна дестинација за љубителите на алпинизмот ширум светот што покрива делови од француските и швајцарските Алпи.

Спонзорирано: