17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Девет лица во критична состојба, меѓу кои едно дете, 29 пациенти во тешка состојба: позната состојбатата на повредените во терористичкиот напад во Москва

Девет лица повредени во терористичкиот напад на „Крокус сити хол“ во Москва се во критична состојба, меѓу кои едно дете, додека 29 пациенти се во тешка состојба, изјави руската вицепремиерка Татјана Голикова.

Голикова ова го изјави на состанокот со кој претседаваше претседателот Владимир Путин, на кој се разговараше за терористичкиот напад во Москва на 22 март, пренесе ТАСС.

Претходно шефот на рускиот истражен комитет Александар Бастрикин објави дека бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва е зголемен на 139, а бројот на повредени во нападот останува непроменет – 182.

Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во петокот вечерта во концертната сала „Крокус сити хол“ во предградието на Москва.