17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин и се обрати на јавноста и најави жестока одмазда

Почна обраќањето на претседателот на Русија Владимир Путин, кој по тој повод остро го осуди нападот во Москва. Тоа што се случи во Крокус го нарече крвав и варварски терористички напад.

– Десетици мирни, невини луѓе станаа жртви на терористичкиот напад во Крокус. На сите ќе им ја пружиме потребната помош. Стрелците се упатија кон Украина, каде им беше подготвен „прозорец“ – рече тој.

Путин им се заблагодари на екипите на брзата помош, пожарникарите и спасувачите кои направија се за да ги спасат животите на луѓето. Тој, исто така, изрази сочувство до сите оние кои ги загубија семејството и пријателите.

– Терористите ќе се соочат со одмазда и заборав – рече Путин и додаде дека никој не може да го разниша единството на рускиот народ

Путин го прогласи 24 март за ден на жалост во целата земја.

– Наша заедничка должност е да бидеме во исти редови, така ќе биде. Русија повеќепати минуваше низ најтешките искушенија, така ќе биде и сега – рече Путин.

– Сите што пукаа и убиваа луѓе се пронајдени и приведени. Тие се движеле кон Украина, а од украинската страна бил подготвен „прозорец“ за преминување на границата. Терористите се соочуваат со одмазда и заборав, немаат иднина. Никој нема да може да сее паника и раздор во нашето општество – рече рускиот лидер.

Спонзорирано: