18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Украина: Нападнавме важна воздушна база длабоко на руска територија

Украински беспилотни летала управувани од воената разузнавачка агенција ГУР рано утринава ја нападнале воздухопловната база „Енгелс“, лоцирана длабоко на руска територија, изјавил за агенциите извор од украинската разузнавачка служба.

Гувернерот на Саратовската област, каде што се наоѓа базата, изјави дека украинските беспилотни летала биле соборени во близина на „Енгелс“, но не пријавил никаква штета.

„Резултатите се проверуваат“, изјави украински извор за нападот.

На социјалните мрежи се прошири снимка од експлозии снимени во близина на воздухопловната база „Енгелс“.

Руската воздухопловна база „Енглес“ е исклучително важна во руската војна против Украина бидејќи од неа редовно полетуваат руски бомбардери и други авиони од кои Русите лансираат крстосувачки ракети кон Украина.