18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Борел: Израел предизвикува глад во Газа

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека Израел предизвикува глад во Газа.

„Повеќе не сме на работ на глад во Газа, но сме во состојба на глад што погодува илјадници луѓе“, рече Борел на отворањето на конференцијата за хуманитарна помош за Газа во Брисел.

Тој додаде дека е неприфатливо да се користи гладот ​​како оружје за војна.