20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Украина со дронови уништи уште една руска рафинерија

Украина со беспилотни летала нападна две рафинерии во руската област Самара.

Цел на беспилотните летала биле рафинериите во Сизран и фабриката за нафта во Новокујбишевск. На видеата се гледа голем пожар во рафинеријата во Сизран кој избувна по нападот.

Според информациите, нападот се случил околу 6 часот наутро по локално време.

Вработените во рафинериите се евакуирани, додека според првичните податоци нема жртви.

Гувернерот Дмитриј Азаров наведува дека е формиран оперативен штаб за отстранување на последиците од нападот на нафтените рафинерии во Сизран и Новокујбишевск и дека на сите ресори им е наредено да внимаваат на заштитата на објектите во регионот.

– Ги преземаме сите мерки за што поскоро отстранување на последиците. Формиран е оперативен штаб. Сите служби и одговорни сектори имаат задача да дадат приоритетно внимание на заштитата на зградите во регионот – изјави Азаров за РИА.

Во претходните пет дена Украина нападна и оштети шест руски рафинерии.