16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Путин до Западот: Вашиот „Бал на вампири е завршен“

Западните елити, кои се навикнати да ги „полнат стомаците со човечко месо“, се обидуваат да ја замрзнат неправедната ситуација во меѓународните односи, но мора да сфатат дека „Балот на вампирите завршува, рече рускиот претседател.

Путин потсети дека „таканаречената златна милијарда“ практично со векови „паразитирала на сметка на другите народи“, искористувајќи ги земјите и народите од Африка, Азија и Латинска Америка, пренесуваат медиумите во регионот.

„Западните елити имаат многу силна желба да ја замрзнат постојната ситуација, неправедната состојба во меѓународните односи. Со векови се навикнати да си ги полнат стомаците со човечко месо, а џебовите со пари. Но, мора да сфатат дека „Балот на вампирите“ завршува, нагласи тој.

Рускиот лидер додаде дека работи во интерес на Русија и на народот.

„Едноставно работам во интерес на Русија, во интерес на нашиот народ. Но дека се чувствувам како некој господар на животот на луѓето, такво нешто нема. Верувајте ми, ниту блиску. Јас само ја исполнувам мојата должност кон Русија и кон нашиот народ, кој Русија ја смета за своја татковина“, заклучи Путин.

Спонзорирано: