20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Мислев дека куќата ќе се урне, дека градот ни е уништен“: Градоначалникот на Билеќа за земјотресот во Црна Гора

Веселин Вујовиќ, градоначалникот на општина Билеќа, рече дека него и неговите многубројни сограѓани синоќа ги разбудил силен земјотрес чиј епицентар бил во Црна Гора, а ситуацијата, како што се присети, била таква што сте имале чувство дека куќа ќе се урне.

„Земјотресот што утрово беше почувствуван овде во Билеќа беше исклучително силен. Со оглед на самото чувство на јачината на земјотресот, мислев дека се уништени многу работи во градот. Но, овде, за среќа, нема поголеми видливи штети. Луѓето се уште се на терен, ги посетуваме јавните институции, ќе почекаме да видиме дали луѓето ќе пријават штета. Засега не знаеме дали ќе има такви пријави. Но вака, визуелно на прв поглед, минавме доста добро“, изјави Вујовиќ за „Независне новине“.

Тој спиел во моментот на земјотресот.

„Ме разбуди. Силно се стресе. Имав чувство дека ќе се урне куќата. Но, важно е да нема паника меѓу населението. Луѓето беа малку исплашени на почетокот“, рече Вујовиќ.

Црна Гора беше погодена од земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала во 4 часот и 6 минути, што беше почувствуван и во Сараево и во Белград.