4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин: Нуклеарното оружје постои за да се користи

Русија останува во борбена готовност и е целосно подготвена за нуклеарна војна, но не брза да го стори тоа во моментов, изјави вчера рускиот претседател Владимир Путин.

Во интервју за државните медиуми, Путин, кој започна сеопфатна инвазија на Украина и речиси сигурно ќе победи на претседателските избори на 15-17 март, рече дека Русија ќе биде подготвена да употреби нуклеарно оружје доколку нејзиниот суверенитет биде загрозен.

„Од воено-техничка гледна точка, се разбира, ние сме подготвени“, изјави Путин за телевизијата „Русија-1“ и за новинската агенција РИА, на прашањето дали земјата е навистина подготвена за нуклеарна војна.

„(Во САД) има доволно експерти во областа на руско-американските односи и во областа на стратешкото одвраќање. Затоа, не мислам дека сите овде брзаат кон тоа (нуклеарен конфликт), но ние сме подготвен за тоа“, рече Путин.

Тој повтори дека употребата на нуклеарно оружје е наведено во нуклеарната доктрина на Кремљ, чија политика ги утврдува околностите под кои Русија би можела да го користи своето оружје.

„Оружјето постои за да се користи. Ние имаме свои принципи“, рече тој.