12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Пукање и експлозии одекнуваат низ руски град со часови, се огласи ФСБ

Престрелки и експлозии одекнуваат низ рускиот град со часови, ФСБУ објави дека започнала антитерористичка операција во градот Ингушетија, руската република во Северен Кавказ, објави регионалниот кризен центар во соопштението пренесено од ТАСС.

– Одлучено е од 19:30 часот по локално време да се спроведе антитерористичка операција во градот Карабулак во Република Ингушетија – соопштено е.

Во зоната на антитерористичката операција има вкупно четири улици.

-Пукањето и експлозиите на гранати продолжуваат одвреме-навреме. Контратерористичката операција продолжува – изјави соговорникот на ТАСС.

Извори од полицијата за РИА Новости потврдија дека се борат со милитантите.

– Во Карабулак е во тек конфликт. Милитантите сместени во станбената зграда ја одбиле понудата да се предадат и отвориле оган врз органите на редот – изјави изворот на РИА Новости.

РИА Новости пишува дека специјалните сили на ФСБ откриле „група бандити кои имале намера да извршат терористички злосторства од висок профил“ во една од станбените згради за време на оперативните активности за пребарување.

За ситуацијата зборуваше и регионалниот шеф на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Максим Шевљаков.

– Апелираме до граѓаните да останат смирени, за да се избегне хаос и да се почитуваат постапките на надлежните – рече тој.

На социјалните мрежи се појавија видеа од истрели и експлозии.