17.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Војник во Германија уби четири лица, меѓу кои и едно дете

Германски војник на Бундесверот е осомничен дека убил четири лица во областа Ротенбург во Долна Саксонија пред да се предаде, соопштија денеска полицијата и Обвинителството.

Меѓу убиените, чии тела беа пронајдени претходно во текот на денот, има и едно дете. Убиствата се извршени на две локации – во куќа во Вестервезеде во општината Шезел и во Ботел во областа Ротенбург.

Осомничениот сторител се предал по нападот синоќа и бил уапсен, соопштија истражителите. Полицијата соопшти дека приватен проблем „не може да се исклучи“ како мотив за злосторството.

Во истрагата биле ангажирани голем број полицајци.