11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пензионерката исчезна во Германија, па и го пронашле телото на автопат

Телото на Олга Р.(67), пензионерка која живеела во Охтруп, Германија, било пронајдено пред неколку дена на автопат, а полицијата покренала истрага за убиство.

Олга последен пат била видена во август 2023 година, а била пријавена за исчезната дури во декември.

Според полицијата, Олга последен пат била видена во Охтруп како ја возела својата црна шкода октавија. Додаваат и дека Олга не била често во контакт со семејството, па нејзиното исчезнување било пријавено дури на крајот на годината.

Бидејќи полицијата не ѝ влезе во трага, на 18 јануари објави нејзина фотографија и побара помош од граѓаните. Две недели подоцна објавија фоторобот на млад човек за кој се верува дека е сведок на судбината на Олга. Членовите на семејството, наводно, го виделе како трча околу куќата на Олга на 21 септември. Не се соопштуваат повеќе детали за него.

Потоа, на 22 февруари, околу 11 часот, стигна вест дека телото на Олга е пронајдено на автопат, на излезот за Гронау.

„Истрагата е во тек и се разгледуваат сите можни сценарија“, изјави полицискиот инспектор Мајкл Рајц, пренесува Телеграф.

Полицијата уште еднаш ги повика граѓаните кои имаат какви било информации за овој случај да се обратат кај нив.