Centar.mk
БИЗНИСвест

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 50. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 50. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 28 март 2024 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 13 март 2024 година (среда).

Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Можеби ќе ве интересира

Се токмат нови цени на горивата – Можно е убаво изненадување

ДЕСК

Кога фрижидерот покажува повеќе од статистиката: Како навистина живее едно семејство

ДЕСК

Како да не ви „истече“ платата во првата недела: Пет навики што го празнат буџетот

ДЕСК