17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски го посети аеродромот Гостомељ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го посети аеродромот Гостомел (Антонов), каде што се водеа некои од најзначајните битки во првите денови од руската инвазија. Во плановите на руската војска, Гостомељ бил означен како стратешки објект што ќе овозможи брзо освојување на Киев.

-Овде започна сценариото за заземање на Киев и Украина за три дена – истакна Зеленски.

Тој се фотографираше со борците на украинската армија пред уништениот и запален Антонов Ан-225 „Мрија“, некогаш најголемиот транспортен авион во светот. Да потсетиме, овој авион беше уништен од руски падобранци на првиот ден од нивното слетување на аеродромот на 24 февруари 2022 година.

Токму на ова место Зеленски денеска прими странски делегации со кои ќе продолжи во Лавов за да ги продолжи преговорите за нови пакети воена и економска помош за Украина. Меѓу другите денеска во Украина се и италијанскиот премиер Џорџија Мелони, канадскиот премиер Џастин Трудо и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.