18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ги видел своите броеви и отишол до лотаријата по 340 милиони долари: неговото барање за исплата било одбиено

Џон Чикс уплатил лотарија „Пауербол“ во Вашингтон, а два дена по извлекувањето, на страницата на лотаријата видел дека се извлечени точните броеви што ги избрал.

Сепак, „Пауербол“ изјави дека по грешка ги објавиле бројките кои не биле извлечени и дека нема добитник на 340 милиони долари.

По ваквиот настан Чикс решил да ја тужи лотаријата, пренесува „Дневник.хр“.

Тој вели дека бројките што ги заокружил се комбинации на родендени на членовите на семејството и други бројки од лично значење. Тој не ја гледал емисијата, но два дена подоцна видел на веб-страницата дека се испишани бројките што ги заокружил.

„Малку се возбудив, но не викав и не врескав. Се јавив на пријател кој ми рече да ги фотографирам броевите, што и го направив. Потоа отидов да спијам“, рекол Чикс, пишува „Sky News“.

Следниот ден отишол до лотаријата за да ја подигне добивката, но барањето за уплата му било одбиено, бидејќи системот не можел да го потврди тикетот како добитник. Еден од вработените му рекол „дека тикетот не е добитен тикет и дека треба само да го фрли во канта бидејќи нема да добие пари“. Наместо да го фрли во ѓубре, Чикс го задржал билетот и го тужел „Powerball“.

Адвокатот на Чикс, Ричард Еванс изјави дека постои преседан за ваква ситуација.

Минатиот ноември, лотаријата во Ајова објави погрешни броеви на „Powerball“, но луѓето кои ги имаа спорните броеви можеа да ги задржат своите награди, кои се движеа од 4 до 200 долари.