17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Петровска: Дел од Европскиот Фронт ќе бидат политички партии кои ја делат заедничката визија за Република Северна Македонија како европска држава

„Ние понудивме концепт за идниот тек на патот на нашата држава и го нарековме европски пат, така као што сметаме дека државата треба да продолжи. Кои партии ке прифатат да бидат дел од тој европски блок, ќе видиме. Тоа ќе бидат политички партии кои ја делат заедничката визија за Република Северна Македонија како европска држава и држава членка на ЕУ, покрај тоа што го постигнавме и најголемиот успех досега , а тоа е членството во НАТО алијансата. Очекувам во тој блок да се приклонат и да го подржат политички партии кои се со европска ориентација. Тие што сакаат Северна Македонија да продолжи на патот кон ЕУ без притоа да предизвикуваат или создаваат некои нови препреки, туку напротив, со носење на одлуки кои се тешки но, треба да гледаат подалеку од сопствените интереси и рејтинзи,“ рече министерката за одбрана и претседавач на Централниот одбор на СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата Само Интервју на Канал 5 Телевизија.
Петровска во врска со анкетите кои излегоа во јавноста посочи дека, тоа е еден сегмент, но се прават подлабински анализи.

„СДСМ јасно кажа и ќе повторуваме дека сакаме целосна интерграција на земјата во ЕУ , тоа е единствениот пат кој треба да го одбереме сите заедно,“ рече Петровска