Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Доаѓаат обилни врнежи на дожд и заладување – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре и во сабота ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. За време на викендот ќе дува засилен ветер од јужен правец, а од недела под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Од понеделник дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Прогноза за 10.02.2024
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 13°C до 20°C

Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а попладне наместа засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 11.02.2024
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 11°C до 18°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта кога наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час).

Прогноза за 12.02.2024
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 8°C до 15°C

Облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК