17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Брод погоден од проектил во Црвеното Море пловел под знамето на Малта и е во сопственост на Грција

Британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО) објави нов сериозен инцидент во Црвеното Море, кој се случил на речиси 100 наутички милји северозападно од градот Салиф во Јемен.

Британската поморска безбедносна компанија „Амбри“ објави дека товарен брод, кој пловел под знамето на Малта и е во сопственост на Грција, бил погоден од проектил.

Засега не се знае дали има загинати или повредени во нападот, како и големината на штетата. Сè уште никој не ја презел одговорноста за нападот, но се претпоставува дека станува збор за нов напад на јеменските исламистички бунтовници Хути.