17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Малдиви / фото Centar.mk
СВЕТ

Жителите на Малдиви гневни на индискиот премиер затоа што не отишол на одмор кај нив

Помеѓу Индија и Малдиви избувна дипломатски конфликт поради навидум банална причина. Индискиот премиер Нарендра Моди ги посети, имено, индиските острови Лакшадвеп за да го промовира туризмот, но тоа наиде на гнев кај жителите на блиските Малдиви.

Посетата некои на Малдивите ја гледаа како обид да се одвлечат туристите од архипелагот во Индискиот Океан, чија влада е силно зависна од туризмот.

Малдиви / фото Centar.mk

Тројца министри од Малдивите се суспендирани откако на социјалните мрежи дадоа погрдни коментари за Моди, опишувајќи го како „терорист“ и „кловн“. Министерството за надворешни работи на Малдивите соопшти дека коментарите, кои подоцна биле избришани, биле дадени лично и не ја претставуваат официјалната позиција на владата.

Архипелагот Лакшадвеп се наоѓа веднаш до Малдивите и исто така е благословен со песочни плажи и кристално сини мориња, но до сега островот беше недоволно развиен.