17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Англичанец се снимил себеси како прави работи поради кои на Италијанците им се крева косата: „Го ризикува животот“

Англичанецот Бен Рид реши да ги направи сите работи кои ги полудуваат Италијанците и да ги сними нивните реакции, а видеото стана хит на социјалните мрежи и собра милиони прегледи. Бен решил да направи незамисливи ѕверства пред Италијанците, кои за нив се како смртни гревови, а во видеото напишал: „Сите Италијанци што ги налутив во 2023 година“.

Можеби една од најголемите е кога сечеше шпагети со ножици пред шокиран келнер. На пицата ставил кечап поради што келнерката и се фатила за глава, а во црвеното вино се „осмелил“ да стави и коцка мраз, па келнерот налутено му ја одзел чашата.

Јадеше пица како да јаде тако, пееше со екипажот на улица и направи еден од тие ужасни фотошопови со кривата кула во Пиза. Иако е јасно дека се работи за скеч, видеото ги насмеа луѓето до солзи.

– „Келнерите ќе повикаат полиција“, „Го ризикува животот правејќи го ова, хахах“ и „Ова е врвниот водич за налутување на Италијанците“, се дел од коментарите.