20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Серија земјотреси во Турција: четири потреси во рок од еден час

Четири земјотреси денеска последователно ја погодија Турција.

Првиот беше 1,5 степени по Рихтер, најслаб, а се случи околу 16 часот во источна Турција.

По само шест минути тлото се затресе во централниот дел на земјата, според податоците на ЕМСЦ.

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Турција, а веднаш потоа следеше уште еден со јачина од 2,5 степени во источниот дел на земјата.

Засега нема информации дали е причинета материјална штета или има повредени.